Паратици и Пасторело во Лондон за размената Лукаку-Дибала

335

Спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратици и менаџерот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело, заминале за Лондон на интензивни преговори во врска со размената Лукаку-Дибала.

Медиумите во Италија пишуваат дека од идната размена Јувентус треба да добие 15 милиони евра, затоа што вредноста на Дибала во трансфер пазарот изнесува 100 милиони евра, а на Лукаку 85 милиони евра.

Клубовите ги продолжуваат преговорите околу условите за постигнување договор, но сепак последниот збор го има Дибала, кој на крајот треба да одлучи дали сака да оди во Манчестер јунајтед.

Медиумите шпекулираат и со тоа дека „црвените ѓаволи” имаат и план „Б” во случај одговорот на Аргентинецот да биде негативен, односно Јунајтед е заинтересиран и Марио Манџукиќ и Блејз Матуиди, односно еден од нив да биде вклучен во размената со Лукаку.