Папа Франциск: Пандемијата укажа на клучната улога на медиумите

26

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска изјави дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот укажала колку е клучна улогата на медиумите.

– Искуството од последните месеци покажа во колкава мера е клучна улогата на медиумите во одржувањето на единството на луѓето, скратувањето на растојанијата, обезбедувањето на потребните информации и отворањето на срцата и умовите за вистината, рече папата во пораката до учесниците на конференцијата за католички медиуми.

Улогата на медиумите е клучна во пренесувањето на информации за вонредната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот, рече папата.