Делегацијата на УЕФА предводена од претседателот, Александар Чеферин денеска беше на аудиенција во Апостолската палата во Ватикан и добија благослoв пред почетокопт на ЕУРО2020 од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Европското првенство кое лани беше одложено за годинава поради пандемијата на коронавирус започнува утре со натпреварот меѓу Италија и Турција на Олимпискиот стадион во Рим.

Папата Франциск е страстен љубител на фудбалот и голем навивач на аргентинскиот прволигаш Сан Лоренцо