Да не ви е чудно што деновиве, на Утринската програма на телевизијата „Сител“, не ја гледате атрактивната водителка Јована Стојменовиќ. Таа е на море, во Грција, па програмата сам си ја води, како што знае и умее (а, очигледно, умее), шармантниот Александар Блажевски. Додека, Аца-фаца се справува со сите актуелни македонски жешки теми уште од рано наутро, неговата ТВ-партнерка во тоа време ги фаќа првите сончеви зраци на некоја убава грчка плажа на Халкидики.

И погледнете ја сега оваа од таму, интересна ситуација, во која главната ролја ја има замислената водителка од телевизијата „Сител“. Јована, загледана во синото небо, неочекувано се најде во дилема дали да му пријде на непознатото момче и да му објасни дека не е ни малку пристојно, така оптегнато со нозете, да се сонча над нејзината глава или да си премолчи?                                                                    Сепак, наместо муабет, Јована најде компромисно решение: да му прати кусо инфо, преку социјалните мрежи, преку едно смајли со кренат показалец!                                Дали тој воопшто ѝ одговорил или ја ставил на „игнор“, за сите остана непознато.

Згора на сè, Јована му намигна на момчето, но криејќи го окото под шеширот и очилата за сонце. Дефинитивно, една несекојдневно духовито весела летна ситуација, која многумина добро ги изнасмеа. Е не сега, ќе се расправаме! Лето е и треба да сме сосема опуштени.  (Д.М.)