Папазов: Граѓаните ги казнија погрешните политики на власта, Кочани заслужува нова иднина

64

Кандидатот за градоначалник на Кочани предложен од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов, истакна дека граѓаните ја казниле власта, поради што „по завршувањето на локалните избори ќе следуваат промени“.

На денешната прес-конференција тој упати благодарност до гласачите и ги повика во вториот круг од локалните избори да му ја дадат довербата.

– Дозволете ми да изразам благодарност за големата поддршка и довербата што ми ја укажавте во првиот круг на локалните избори. Го поздравувам демократскиот амбиент во кој што помина изборниот ден, со исклучок на определени поединечни случаи. Граѓаните јасно ја демонстрираа определбата за промени во целата држава и ги казнија погрешните политики на Заев и СДСМ. Таквиот бран го зафати и Кочани, власта го загуби мнозинството на локално ниво за 4.000 гласа. Ве повикувам слободно и одлучно да се приклучите на промените кои што неминовно следуваат и заедно обединети и сплотени да создадеме нова иднина, каква што Кочани заслужува, истакна Папазов.