Папагали отстранети од зоолошка градина: Меѓусебно се поттикнувале со пцовки

249

Вработените во една зоолошка градина во Велика Британија биле принудени да ги раздвојат и да тргнат од очите на јавноста пет африкански сиви папагали кои ги пцуеле посетителите.

Папагалите во зоолошката градина биле донирани од пет различни сопственици, но тие пред да бидат изложени, одреден период биле ставени заедно во карантин каде еден од друг за многу кратко време научиле да пцујат, меѓусебно поттикнувајќи се тоа да го прават.

Освен оние најчестите, во нивниот речник може да се пронајде било која друга пцовка која можете да ја замислите, изјавил директорот на зоолошката градина, Стив Николс.

Иако повеќето од посетителите ги сметале за забавни, па дури и им возвраќале, поради можното негативно влијание врз децата, папагалите биле раздвоени и привремено преместени на локации далеку од очите на јавноста за да се одвикнат од оваа лоша навика.