Паоло Малдини и неговиот син заразени со Ковид-19

150

Фудбалскиот свет доживеа уште еден шок откако италијанските медиуми ја потврдија информацијата дека легендарниот капитен на калчо гигантот Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниеле биле позитивни на смртоносниот вирус Ковид-19.

Претходно, актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, потврди дека аргентинскиот интернационалец Паоло Дибала имал позитивен тест на Ковид-19.