Владими Блажев – Панчо од Днк предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Тој ги навреди жените велејќи дека оние кои се пополнички не требале да носат танга на плажа па им порача да намалат со јадење торта. Па, така не размислувајќи дека не секогаш јадењето е виновник за вишокот килограми навреди многу жени и девојки. Честопати виновник за покачената телсна маса е и некоја болест како што е проблемот си тироидната жлазда. Поради тоа многу јавни личности го споделуват овој проблем меѓу кои и Ана Кокиќ, Драгана Мирковиќ и Јелена Розга. Ана имаше изјавено дека по разводот килограмите започнале  нагло да и се накачуваат иако постојано вежбала и водела грижа за својата исхрана. Но, кога заминала на лекар и воспотавиле дека има проблем со хормони поточно дека има хипотироидизам. И да тоа го сподели за да ги мотивира и други кои имаат слични проблеми да не се здобиваат со комплекси и дека секој проблем може да се надмине. Па, така по неколку месечна терапија и интензивно вежабање успеа да си ја врати посакуваната килажа.

Но, да се навратиме на Панчо. Неговата објава освен што предизвика реакции кај познатите личности и многу други луѓе го осудија неговиот нехуман чин.

Објавата на Панчо / Фото: Фб.

– Еве ме мене пак од Охрид, па чисто да ги потсетам “лепотицивие” дека не секој газ е наменет за танга по плажа. Мислам имате огледало, многу е едноставно се гледа. Као дај имајте малце милост, стварно сакаме да спиеме навечер без кошмари. Намалете си ја тортата,објави Панчо.

Ивона Јовановиќ / Фото: ФБ.

На, ова пејачката Ивона веднаш му возврати.

– Кај прочита  жити се дека не секој задник е наменет за танга? Кој те научи на тоа? Каква некултура и непочитување на женски род човече! И после се чудам маливе зошто така учат и од каде се повеќе и повеќе има раја која се дрзнува да врши ваква социјална пропаганда. Па еве ти одговор! Човек кој го следи пола Македонија напишал вакво нешто. Дуа Липа ја репортнавме затоа што вршеше пропаганда. А ова што е?! Како за секунда може да ти падне некој во очи!, напиша Ивона Јовановиќ.

Но, и Антонија Гиговска воошто не се согласуваше со неговата објава па им упати една порака до сите припаднички на понежниот пол порачувајќи им дека треба да се чувствуваат убаво во нивната кожа и да бидат облечени во она што тие го сакаат.

Антонија Гиговска / Фото: ФБ.

– Девојки, жени, мајки не се срамете од вашето тело, ваше е. Секој од нас има некој период кога не е се баш така лесно. Јас се трудам, но никогаш не се обвинив за моето тело во ниеден момент. Носете си што ви душа сака и чувствувајте се убаво во вашата кожа. Прекрасни сте. Мажите длабоко во себе добро знаат дека не е се во телото. Јас го сакам моето тело и сега и кога ќе ослабам, порача Антониа Гиговска.

На, оваа објава вознемирени не беа само жените туку и мажите.

– Кој што сака и како сака ќе си шета. Секој нека си гледа за себе нема што ти да ги потсетуваш и не е се во телото туку и во карактерот, напиша еден припадник од машкиот пол. (М.А.)