Панчев јадел расипан македонски ајвар и затоа лупа глупости!

287
epa00787783 Macedonian soccer legend Darko Pancev (L) receives a 'golden boot' from Michel Platini (R) in Skopje on Friday 04 August, 2006. Platini handed the golden boot to Pancev, who scored 34 goals in the season 1990/1991 for the club Red Star Belgrade. EPA/ANSA - GEORGI LICOVSKI - KRZ

За само неколку часа, легендарниот репрезентативец на Македонија, Дарко Панчев, стана најомразената личност помеѓу хрватските фудбалски фанови. Изминатата недела, фудбалерот на векот во нашата земја, даде ексклузивно интервју за хрватскиот весник „Večernji list“, но од сите одговори, Панчев предизвика лавина од реакции со одговорот кој го даде на прашањето дали Лука Модриќ е најдобриот играч во хрватската фудбалска историја.

  • Лука Модриќ е нормално голем играч, еден од најголемите на овие простори. Но поради тоа фудбалската игра е многу интересна, многу дава, но и многу зема. Мислам дека Модриќ не е најдобриот играч во хрватската фудбалска историја, а секако не е најдобар ниту на овие простори. Без разлика на сите големи награди кои сосема заслужено ги има освоено, гласеше одговорот на Панчев.

За жал, таквиот одговор не им се допадна на хрватските фудбалски фанови кои ги преплавија социјалните мрежи со најразлични вулгарни коментари.

  • Панчев само се*е. Лука е еден од најкомплетните играчи во светот. Кој е Панчев и зошто се пренесуваат неговите изјави? Станува збор за небитен лик. Лука Модриќ ја освои „Златната топка“, а Панчев може само да плаче! Сигурно Панчев има јадено расипан македонски ајвар, па затоа лупа глупости! Треба да се биде господин, а ваквата изјава јасно покажува за каков човек станува збор. Панчев зборува за Модриќ дека не е најдобар, а човекот ги освои сите можни награди. Каде ќе беше Панчев ако не му асистираа Просинечки, Михајловиќ, Југовиќ, Савичевиќ, Билиќ, Мркела, Стојковиќ… Овој човек не е нормален или е глуп или се прави глуп. Лука Модриќ е најдобар играч во светот. Панчев е добар како југо корал 55. Модриќ е за него Концепт Римац. Тука е разликата, а Панчев не ја гледа затоа што е олдтајмер. Е мој Панчев! Која си ти будала! Во тоа време и јас ќе давав голови за Црвена З. Колку топки доби од Просинечки и Савичевиќ! На секој натпревар по 10 чисти шанси. Кога си замина, толку беше од тебе. Ете ја сликата за твојот фудбал…, се само дел од коментарите кои беа постирани на хрватскиот портал Индекс.хр.