Титулата на Австралија опен ја брани Србинот Новак Ѓоковиќ. Германската ракометна репрезентација рутински го совлада Уругвај, но овој натпревар се покажа кобен за Тобијас Рајхман, кој се здоби со повреда на коленото. Деталните прегледи покажаа дека крилниот ракометар нема да може да се опорави по што стручниот штаб реши да го врати назад во Германија. На негово место во Каиро ќе пристигне ракометарот на Рајн-Некар Левен, Патрик Грецки.

-Рајхман нема да може да ни помогне, има проблем со екстерниот дел од менискусот поради што ќе мора да мирува извесен период. Искрено ми е жал за овој ракометар, но со доаѓањето на Грецки имаме нова моќна опција за овој дел од тимот, истакна селекторот на „панцирите“ Гисласон.