Пандо – чудо на природата! Сите мислат дека е шума, а е само едно дрво

353

Сте слушнале ли за Пандо во американската држава Јута? Многумина сметаат дека е цела шума, а не е! Тоа всушност е едно дрво. Секое стебло е генетски идентично и споено на еден коренски систем, којшто е стар најмалку 80.000 години.

Тоа значи дека Пандо е една од најстарите и најголемите живи суштества на Земјата.

Пандо уште го нарекуваат „трепетниот џин“, а се наоѓа во Јута, САД. Покрива површина од дури 43 хектари.

Врз основа на едно научно истражување од 2018 година, утврдено е дека Пандо престанал со репродукција и дека последните 30-40 години полека изумира.