Пандемијата ќе остави без егзистенција уште 5.500 семејства

115

Нови 5.500 семејства се очекува да останат без егзистениција следната година.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека таква е проекцијата на ова министерство, со оглед на тоа што пандемијата се уште не е завршена, но посочува дека сите домаќинства кои ќе влезат во социјален ризик ќе бидат згрижени.

-Меѓутоа, сакам да нагласам дека системот ќе ги апсорбира. Односно, ќе обезбеди средства за сите семејства кои се во социјален ризик, информира таа.

Инаку, оваа година поради пандемијата во социјален ризик влегле нови 8,5 илјади домаќинства кои биле вклучени во системот на социјална заштита. Заедно со 27.000 семејства од пред пандемијата, оваа година завршува со 35 илјади домаќинства, корисници на гарантираната минимална помош.

За да се опфатат сите социјално загриозени семејства во буџетот на Министерството за труд и социјална политика за следната година за социјални трансфери планирани се 11,6 милијарди денари, односно близу 189 милиони евра за околу 300 илјади корисници.

Граѓанскиот буџет на МТСП за наредната година се планира да изнесува 50,6 милијарди денари или околу 823 милиони евра. За да се обезбеди редовна исплата на пензии, кои ќе се усогласуваат според закон, планирани се трансфери кон Фонодт за пензиско и инвалидско осигурубвање од 30 милијарди денари, односно околу 490 милиони евра, со што ќе се гараснтира неговата стабилност. Кон Агенцијата за вработување ќе се трансферираат 400 милиони денари. Ќе продолжи редовната исплата на средствата за социјална сигурност на стари – пензија, кои сега ги користат околу 950 лица. Обезбедени се средства и за исплата на детски додаток кој во моментот го користат 47 илјади деца, како и образовен додаток кој го користат околу 30 илјади ученици и студенти.

Шахпаска инфрмира дека покрај исплата на парични права и услуги од доменот на социјалната заштита, се вложува и во изградба на реконструкција на објекти. За 2022 година средствата за капитални инвестиции се зголемени за речиси 100 проценти, на 195,5 милиони  денари, од кои 177 милиони за градежни работи и 18,5 милиони за опремување. Министерката појаснува дека следната година ќе заврши изградбата на почнатите 10 градики во градски и во рурални асредини, ќе продолжи и изградбата на домот за стари лица во Пробиштип, ќе се градат и дневни центри за лица со попреченост, шест нови специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство, а ќе има средства и за лични асистенти за лица со попреченост од 6 до 64 години. За непречено финционирање на градинките и институциите за сместување на стари лица предвидени се блок дотации над две милијарди денари.

С.В.