Пандемијата не му е на секој малер: Wooow….на пејачката Ирена Спасовска и паднале две кокошки и три шишиња вино!

1607

Тогаш јас и ги фатив торбите за купување и заминувајќи реков….”Она што е на подот е на оној кој го наоѓа” и избегав, трчајќи по целиот паркинг како да сум луда…

Хаосот кој се прави поради корона вирусот во маркетите има и свое друго лице. Еве што денес и се случило на популарната фолк пејачка Ирена Спасовска: Денес отидов во супермаркет и баш ќе ви кажам што ми се случи. Кога бев во ред да платам, ми паднаа 1000 денари на подот… Жената која беше зад мене, се наведна надолу и ги зеде. Тамам да и се заблагодарам пружајќи ја раката за да ги земам, таа ми вели….”Она што се наоѓа на подот е на оној што ќе го најде” и отиде како ништо да не било.
Ја погледнав личноста пред мене која беше во шок исто како мене… А оваа жена замина земајќи ги моите 1000 денари, па ја следев на паркингот барајќи ги моите пари….

Кога стигна до автомобилот, ги стави торбите на подот за да го отвори автомобилот…. си реков…” сега или никогаш ” и решив да го следам нејзиниот пример ,” кој и да го најде на подот, негово си е “. Тогаш јас ги фатив торбите за купување и заминувајќи реков….”Она што е на подот е на оној кој го наоѓа” и избегав, трчајќи по целиот паркинг како да сум луда и ….бев полудена, но со чувство на задоволство.
Не можете да замислите, затоа што во торбите имаше:
3 кила месо
2кила кашкавал
2 кокошки
Маслинки
2 пакетчиња ориз
Шунка, сирење,
И најдоброто…..
3 шишиња вино.
Мислев.. .Wooow!!!.. не е лошо за 1000 ден. И еве ме… Пијам чаша вино за вашето здравј. Вашата Ирена! (Д.М.)