Пандемијата можна причина за глад на 14 милиони луѓе во Јужна Америка

94

Светската програма за храна при ОН предупредува дека пандемијата на новиот коронавирус може да доведе до проблем со глад кај најмалку 14 милиони луѓе во Јужна Америка.

Според најновите прогнози, 3,4 милиони луѓе доживеале несигурност во однос на снабдувањето со храна во 2019 година, а тој број би можел да биде четири пати поголем во Јужна Америка, кој е еден од најзагрозените региони во светот.

Проблемот со гладта почнува да се чувствува во регионот, иако граѓаните ги прекршуваат карантинските мерки и излегуваат од домовите во потрага за храна и пари. Најголем проблем имаат работниците кои работат „на црно“ и сочинуваат најголем процент од населението на Латинска Америка, а потоа следуваат луѓето кои поради пандемијата останале без работа.

Бројот на гладни на континентот најверојатно ќе биде поголем отколку што предвидува ОН, имајќи предвид дека прогнозата на оваа организација се однесува на 11 јужноамерикански држави кои се нејзини членки, но не и на Венецуела.

Гладувањето станува се посериозна појава во Латинска Америка како што се зголемува бројот на заразените со новиот коронавирус.

Очекуваниот пад на економската активност во Јужна Америка и на Карибите за оваа година изнесува 5,3 отсто, најверојатно повеќе отколку за време на Големата депресија.