Пандев е национална икона поради голот во Грузија

40

Настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на ЕП 2020 е главна тема и во српските медиуми. Порталот „Курир.рс“ објави текст во кој е опишан подемот на нашиот национален тим, а посебно внимание му е посветено на капитенот Горан Пандев.

  • Фудбалската репрезентација на Северна Македонија ќе дебитира на престојното Европско првенство откако во ноември ја елиминираше селекцијата на Грузија во финалниот бараж дуел. Македонците од 1994 година се дел од УЕФА и ФИФА, но ова ќе им биде прво големо натпреварување на кое обезбедиле пласман. Тоа им го овозможи системот во Лигата на нации, каде победниците во своите дивизии играат бараж натпревар за пламсна на ЕП.

Северна Македонија победи во својата група од Д-дивизија, обезбеди пласман во Ц-дивизија и осигура пласман во плеј-офот. Во полуфиналето ја победи селекцијата на Косово со 2:1, а на 12. ноември со 1:0 го доби финалниот дуел против репрезентацијата на Грузија.

Единствениот погодок во Тбилиси, кој значеше и пласман на ЕП 2020 беше дело на 37-годишниот поранешен фудбалер на Интер и Наполи, а сега на Џенова, Горан Пандев.

Тој погодок предизвика невидено слваје во Северна Македонија, а од Пандев направи национална икона. Играше за Интер во 2010 година кога клубот стана еднинствениот калчолигаш кој ја има освоено тројната круна (ЛШ, Серија А, Куп на Италија).

Македонците одиграа нерешено против Англија (2:2) во квалификациите за ЕП 2004, а нерешено одиграа против истиот противник и во квалификациите за ЕП 2008.  Во истите квалификации, Северна Македонија ја забележа првата победа против некој противник кој е во топ-10. Тоа беше победата над Хрватска.

Најголема победа сепак е остварена на 31. март 2021 година, кога Македонците сред Дуизбург со 2:1 ја шокираа фаворизираната селекција на Германија. Пандев на тој натпревар го постигна 37. погодок за националниот тим и на тој начин докажа дека неговиот инстинкт за постигнување погодоци и понатаму е „жив“.

За кам-бекот на Пандев во репрезентацијата најзаслужен е селекторот Игор Ангеловски, кој откако беше именуван за селектор во 2015 година јавно го замоли искусниот напаѓач да се врати во националниот тим.

Северна Македонија на ЕП 2020 ќе игра во групата „Ц“ заедно со селекциите на Австрија, Украина и Холандија. Првите два натпревара против Австрија и Украина ќе бидат одиграни во Букурешт, а последниот против Холандија во Амстердам, пишува „Курир.рс“.