Пандата и кинескиот фенер се маскотите за Зимските олимписки и параолимписки игри во Пекинг во 2022 година, објавија организаторите. Маскотите беа откриени на свечената церемонија во Пекинг.

Името на пандата е Бинг Двен Двен, преку лицето ја симболизира патеката на лизгање и 5-џи технологија. Инаку ова животно се смета за национално богатство, па поради тоа беше дел и од ЛОИ во Пекинг во 2008 година. Црвениот фенер, како нешто што е традиција во Кина, е маскота на Параолимпијадата и се вика Шуеј Рон Рон. ЗОИ ќе се одржат од 4. до 20 февруари.