Палау, држава во која морате да дадете еколошка заклетва за да ја посетите

221

Туризмот насекаде во светот бележи голем профит, но постои огромна загриженост во многу, особено во малите држави, каде се стравува дека големиот број туристи и штети на еколошката рамнотежа. Палау, 13-тата најмала држава на светот, го решава овој проблем на интересен начин.

Бидејќи оваа островска држава во Тихиот Океан има само 20 илјади жители, а годишно ја посетуваат повеќе од 160 илјади туристи, ваквата бројка веќе почнала да влијае на животната средина, па локалните власти одлучиле да воведат заклетва во својата законска регулатива.

Палау, на тој начин, стана првата земја во светот која воведе ваков тип на заклетва во својот закон. Заклетвата се заснова на долгогодишните напори за запирање на прекумерното уништување и искористување на природните ресурси.

„Деца на Палау, ветувам дека ќе ја почитувам оваа заклетва како ваш гостин и дека ќе го чувам и заштитам вашиот прекрасен и единствен островски дом. Се колнам дека ќе го третирам одговороно и свесно ќе истражувам. Нема да земам ништо што не ми припаѓа. Нема да им наштетам на живите суштества кои не ми штетат мене“, се наведува во заклетвата.

Исто така, децата во училиштата учат за екологијата и заштитата на животната средина, а за возрасните ќе бидат понудени посебни програми за одговорното однесување.

Дека властите воопшто не се шегуваат со оваа заклетва, докажува и казната што туристите ќе ја платат доколку ја прекршат – до милион долари!

Палау е архипелаг од 200 природни вулкански острови со сместени во Тихиот Океан меѓу Јапонија и Австралија. Островите изобилуваат со чисти плажи и шуми, кои ги мамат туристите од целиот свет. Таа област е природно живеалиште на ајкули, а валстите го забраниле бушењето за нафта во морето, како и комерцијалниот риболов.