Боксерската легенда Мани Пакјао, ги поднесе документите за кандидатурата за претседател на Филипините, со што стана првиот спортист кој и официјално изјави дека се кандидира за изборите за највисоката функција во оваа азиска земја, што треба да се одржат следната година.

Пакјао (42), кој во моментов е сенатор, вети дека, доколку победи на изборите и стане претседател на Филипини, ќе се бори против сиромаштијата и корупцијата и ќе ја реши пандемијата на коронавирусот. Тој, исто така, вети дека ќе ги подобри интернет услугите и ќе ги намали трошоците за електрична енергија на Филипините.

-Мојата кандидатура не е само за мене и моето семејство, туку и за филипинскиот народ, рече Пакјао.