Пакети со помош за згрижувачки семејства во населбата Кале

323

Општина Центар во соработка со невладината Банка за храна доставија пакети со храна, прехранбени производи и хигиенски средства до згрижувачки семејства кои згрижуваат деца без родители во населбата Кале.

Со тоа, велат од локалната самоуправа продолжуваат активностите за помош и поддршка на општествено ранливите категории на граѓани.
Сите компании кои сакаат да донираат пакети за помош, можат да се јават на телефонскиот број: 076 313 383.