Пакета е летен приоритет

45

Актуелниот шампион на Португалија, тимот на Бенфика, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Лукас Пакета.

Иако беше купен за 35 мил. евра и претставен како големо засилување, офанзивниот играч за врска не ги исполни големите очекувања на клупските челници во изминатата година и затоа ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. Милан посакува понуда не помала од 35 мил. евра, а Бенфика моментално нуди 28 мил. евра.