Пад на цената на златото

79

Скапоцените метали претрпеа тежок удар минатата недела, поради падот на берзите. Цената на златото, која некогаш ја надмина вредноста на 2.000 долари, падна до 1.852 долари за унца.

Ова е изненадување затоа што златото во историјата безброј пати одговори позитивно на падот на берзите, пишува „пари„.

Во март, златото за една унца од 31,1 грам се лизна на 1.451 долари, по што во првата недела од август се искачи на рекордни 2073 долари.