Нафтениот гигант „Сауди Арамко“ забележал пад на нето-добивката од 50 проценти во првата половина на финансиската година, како одраз на погубното влијание на пандемијата на нафтените пазари.
Нето добивката на компанијата во првите шест месеци од годината се спушти на 23,2 милијарди долари, што е за половина помалку од 46,9 милијарди долари споредбено со истиот период лани.
Вкупниот проток на пари на компанијата беше 21,1 милијарди американски долари во првото полугодие, што е намалување од 38 милијарди американски долари претходната година.
Намалената побарувачка и пониските цени на нафтата влијаеја на резултатите од вториот квартал, поради кој нафтениот гигант ја отстапи титулата најголема светска компанија по пазарна капитализација на американски „Епл“.