Кошаркарите на Зенит дојдоа до пет триумфи во седум натпревари во Евролигата, откако славеа на гости во Виторија кај Басконија со 77:70.

Сепак, овој меч ќе влезе во историјата на ова натпреварување, поради малиот број поени постигнати во првите пет минути од мечот. По само пет минути игра, на семафорот стоеше резултат – 2:2, кој влезе во аналите на најелитното клупско натпреварување. И двата противник постигнаа само по еден кош, прво Артурас Гудаитис со слободни фрлања му донесе предност на тимот од Санкт Петербург, а израмни Рокас Рокас Гиједраитис. Таков скор беше на семафорот се до поените на Тони Џекири, кој погоди по помината половина четвртина. До крајот на мечот се водеше голема борба, но рускиот тим го доби мечот благодарение на последната четвртина, каде во еден момент имаше и 17 поени преност (53:70).

Интересно е што од петте триумфи досега во новата сезона, Зенит четири ги доби на гостински терен, каде се уште не ја почувствуваа горчината на поразот. Инаку, само во второто коло на домашен паркет ја совладаа Барселона со 74:70, додека беа поразени од Олимпијакос и Химки.

Најефикасен во победничкиот тим беше Матеуш Понитка со 18 поени, Алекс Појтрес додаде четири помалку, додека Артурас Гудаитис постигна 13 коша. На спротивната страна Рокас Гиједраитис запиша 15 поени, а го следеше Лука Вилдоза со 11 коша.