Падна најбараниот бегалец на Интерпол: Во Црна Гора уапсен поранешниот „крал на криптовалутите“

156

Црногорската полиција уапси лице за кое се сомнева дека е еден од најбараните бегалци во светот, јужнокорејскиот државјанин До Квон, објави на Твитер министерот за внатрешни работи – Филип Аџиќ.

Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур“, рече Аџиќ.

До Квон е претприемачот кој стои зад имплозијата на криптовалутите teraUSD и loonie, што ги чинеше инвеститорите околу 40 милијарди долари. Тој во својата земја беше обвинет за измама и кршење на законите за пазарот на капитал.

На крајот на минатата година властите изразија сомневање дека бегалецот попознат како „крал на криптовалутите“ се крие во Србија. Како што објави „Фајненшл тајмс“ во декември, Јужна Кореја стапила во контакт со властите во Србија, и покрај фактот што нема договор за екстрадиција меѓу двете земји.

Обвинителите во октомври рекоа дека тој заминал во непозната земја преку Дубаи откако го напуштил Сингапур, каде што е седиштето на Тераформ. Јужна Кореја му го укина правото на Квон на пасош во ноември.