Пабовите во Англија ги отвораат вратите по три месеци

44

Пабовите во Англија ќе ги отворат вратите по повеќе од три месеци ама од утре, сабота, од 6 часот наутро. Одговорните, сепак, тврдат, дека ќе биде тешко да се натераат луѓето да одржуваат растојание.

Менаџерите на пабовите ќе ги исполнат барањата за безбедност поради вирусот корона и да бидат многу снаодливи во сабота, кога заедно со другите делови од угостителската индустрија повторно ќе ги отворат вратите за своите гости, прв пат по 20 март.

Владата на Британија е обвинета дека безобзирно дозволи повторно отворање на пабовите, со оглед на тоа дека инфекцијата и стапката на смртност која е и понатаму висока, и повторувањето на нов бран на пандемијата во САД, каде што исто така се отворија кафеата и пабовите.

Велика Британија е со речиси 44.000 починати од последиците од вирусот трета по број на смртни случаи по САД И Бразил.

Многу кафулиња кои сакаат да ги зголемат приходите ќе ризикуваат со отворање, иако нивното работење ќе се разликува од она како што работеа пред затворањето.

Кога ќе отворат повторно, пабовите ќе мораат да обезбедат услужување на маси, што отстапува од негуваната традиција на стоење и муабетење на шанк.

Гостите ќе бидат ограничени на групи од шесторица и каде што е можно, ќе седат еден покрај друг, за да се намали опасноста од зараза која може да произлезе од гласно викање.

Пропишана е оддалеченост од еден метар, а гостите исто така ќе мораат да ги преземат останатите мерки, како што се употреба на средства за дезинфекција на раце за да се зачуваат од вирусот. Носењето маски не е обврзно дури ни за персоналот.

Персоналот на пабот ќе мора да ги забележи имињата на гостите на влезто и да го чува списокот со имиња 21 ден, за да се помогне во пронаоѓање на случаевите со зараза.

Премиерот Борист Џонсон изјави дека сега „ е помала веројатноста дека куѓето ќе бидат во непосредна близина со некој кој има вирус отколку на врвот на епидемијата.

Извор:www.theguardian.com