Оff-road брзински натпревар в сабота на Голак

31

Делчево в сабота ќе биде домаќин на првиот off-road брзински натпревар, кој ќе се одржи на планината Голак. На настанот е предвидено да учествуваат возачи на off-road возила од повеќе градови во Источна Македонија.

– Во рамки на настанот предвиден е натпревар во најбрз круг со кросови, АТВ возила и џипови – истакнаа од мото клубот „Ендуро Тим“.

Збирното место на натпреварувачите ќе биде спортското игралиште на Голак од каде тие и ќе стартуваат.

– Кругот ќе биде во должина од околу 3 километри, до целната линија на спортските игралишта на Голак. Очекуваме на настанот, кој ќе започне во 10 часот, да бидат присутни поголем број на љубители на овој спорт, а целта покрај натпреварувањето е заедно да се забавуваме и дружиме – велат организаторите.

За најбрзите натпреварувачи во своите категории организаторите ќе доделат соодветни награди и пехари.