Оџаклиевска се прости од естрадата:“Уморна сум“!!!

285

Пејачката Маја Оџаклиевска синоќа гостуваше во емисијата „Луда ноќ“ на Српската ТВ, после што испеа песна онака најдобро како што самата знае и соопшти дека токму со тој настап се откажува од естрадната сцена. Некогашната голема југословенска, а со тоа и македонска ѕвезда открила дека е уморна од се и дека нејзиниот настап е убаво простување и од медиумите.
-Овојпат ме потсетивте јас да ве потсетам дека ова би можело да биде убаво простување од естрадата, така што би ве молела да не настапувам веќе. Да знам дека тоа го сакате, ама јас сум малку уморна од се, сега имам само обврска околу мојот внук Лука, потенцирала убавата пензионерка Маја.  Д.М.