ОЈО СООЧЕНО СО СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ:Нема Истражен центар,истражители,а недостасуваат и 16 обвинители

89

 

Скопското обвинителство се соочува со сериозни проблеми во своето работење Како најголемо обвинителтво кое покрива 90 отсто од криминалот во државата, нема Истражен центар, нема истражители, а недостасуваат и 16 јавни обвинители.

-По систематизација од 85 стручни работници имаме само 16 на неопределено, од 35 дактилографи по систематизација имаме само 10.
Минатата година, обвинителствотот ја завршило со долг од над девет милиони денари за вештачења, преводи и други технички трошоци.

-Бидејќи се уште немаме Истражен центар и истражители, а претходната постапка за автобуската несреќа кај Ласкарци е многу обемна, со наредба побаравме тројца истражители од МВР и ги добивме. И тие се уште се тука додека целосно не ја завршиме истрагата, рече Рајчев на денешната прес конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со натписите за говор на омраза поврзани со несреќата кај Ласкарци, јавниот обвинител одговори дека од МВР имаат повеќе известувања кон кои се приложени тие натписи.
-Ние од обвинителски аспект сега проверуваме дали кај тој што ги пишува тие натписи постои умисленост да се разгори омраза и нетрпеливост, затоа што станува збор за многу тешко кривично дело, рече Рајчев.

Во контекст на тоа додаде дека многу често натписите се пишуваат од профили на социјалните медиуми од лица со лажни профили и голема е процедурата на проверка.