ОЈО за ВЕЧЕР: Заврши вештачењето на вториот телефон на Катица Јанева

317

Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, потврдија предмалку од ОЈО за весникот ВЕЧЕР.

-Вештачењето и на вториот одземен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева заврши. Во интерес на истрагата , детали не се соопштуваат. Наодот од вештачењето е предаден во Обвинителството за организиран криминал, изјавија од ОЈО за ВЕЧЕР.

Оттаму велат дека засега истрагата не е проширена на  Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, а дали тоа ќе се случи зависи од прибраните  вербални и материјални докази.