Оштетени десетина нови корпи за ситни отпадоци во Старата скопска чаршија

78

Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови корпи за одлагање ситни отпадоци во Старата скопска чаршија, што јавното претпријатие  „Комунална хигиена“, во октомври 2019 година ги постави на  барање на Здружението на занаетчии на Чаршијата, со цел  да се подигне нивото на хигиената на оваа фреквентна туристичка локација во центарот на градот.

-При поставувањето на корпите за ситни отпадоци упативме порака дека од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки што подолго време да ги сочуваат функционални и неоштетени, а денеска апелираме веднаш да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“, имајќи го предвид фактот дека во текот на 2019 година се опожарени 137, а од почетокот на новата година дури шест контејнери за одлагање на комуналниот отпад.“ – изјави директорот на претпријатието, Абдусамед Шабани.