Оштетена заштитната ограда пред ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

226

Заштитната ограда на улицата „Васко Карангелески“ пред основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром деновиве е повторно оштетена.

Оваа заштитна ограда досега е оштетена неколку пати од несовесни граѓани во делот на булеварот пред продажните објекти, со што се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот.

Град Скопје, како и при претходните оштетувања, набрзо ќе ја санира оградата и апелира до околните жители веднаш да пријават до надлежните институции доколку повторно забележат дека е отстранет дел од оградата.

Безбедноста во сообраќајот е приоритет на Град Скопје и апелираме до граѓаните да ја чуваат поставената сообраќајна сигнализација и опрема.