Очајот во Мариупол на сателитски снимки: Стотици луѓе чекаат ред за храна/ФОТО

153

Новите сателитски снимки на американската компанија Maxar Technologies покажуваат стотици граѓани кои чекаат во редици пред супермаркет во Мариупол.

Имено, градот со недели е под опсада и многу жители немаат храна и вода. Воени експерти за Њујорк Тајмс изјавија дека гладувањето на населението е една од воените тактики што ја крши волјата на граѓаните.

Фото: Maxar Technologies

Новите снимки покажуваат дека руските сили веќе навлегле во центарот на градот, сè до театарот, кој беше уништен на 16-ти март.

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа за време на опсадата?

Откако го опколија Мариупол минатиот месец, руските сили ја уништија градската централа, оставајќи ги граѓаните без греење, а потоа и капацитети за вода и гас потребни за готвење и греење, рече градоначалникот Вадим Бојченко.

Повеќе од 500.000 луѓе живееле во Мариупол пред инвазијата, а повеќето од нив неодамна го напуштиле градот. Извештаите велат дека повеќе од 2.000 луѓе биле убиени за време на опсадата, а Бојченко проценува дека околу 160.000 се уште се заробени во градот.

Во понеделникот Црвениот крст објави дека повеќе не ги извршува своите активности во Мариупол поради несигурните услови во кои се наоѓаат хуманитарните работници.

Бојченко изјави за време на викендот дека украинските сили сè уште го контролираат центарот на градот, но дека руската војска сè повеќе напредува.