Очајнички потези на луѓето кои живеат во градот со најскапите недвижнини

70

Најскапиот пазар за недвижнини на светот ги присили граѓаните на Хонг Конг да почнат да живеат во контејнери и тоа илегално. Жилбер Вонг и неговата партнерка не ни помислувале дека ќе живеат во еден таков контејнер кога барале стан во овој град.

Меѓутоа, кога сфатиле колку се високи кириите, биле присилени да се одлучат за нивниот моментален дом кој се “протега“ на површина од 19 метри квадратни.

За него месечно плаќаат околу 570 долари, а само за споредба, за една соба со слична големина во Хонг Конг секој месец би требало да издвојат барем уште 20 отсто повеќе.

Не постои бројка колку вакви монтажни домови има во Хонг Конг , но побарувачката е се поголема. Нарачките за ваквите контејнери е двојно поголема од 2016 година.

Компанијата „Markbox” која се занимава со изградба на подвижни домови, годишно произведува околу 200 станбени контејнери. Таквите домови најчесто имаат површина од 30 квадратни метри и чинат околу 19.100 долари.

Сепак, освен ниските цени, има и многу негативни страни, животот во контејнерите. Имено, тие не се дизајнирани да издржат екстремни временски услови како тајфуни, кои се чести на ова подрачје. Исто така не исполнуваат одредени стандарди како вентилација, осветлување, така да животот во нив не е легален.