Француски градоначалник нуди бесплатна „Вијагра“ за парови во својот град, за да ја зголеми стапката на наталитет.

Жан Дебоузи, градоначалник на Монтере на северот на Франција, издал уредба во која се вели дека е “отворен за дистрибуција на малите сини апчиња”.

Тој рекол дека презема акција, бидејќи поради се помалиот број на деца во градот, две училишта се наоѓаат пред затворање. Вијаграта може да ја добијат парови кои живеат таму, но и оние кои ќе се доселат.

“Село без деца е село кое умира”, рекол градоначалникот.

https://twitter.com/zoomabus/status/1130721658451451905

На Французите обично им е потребен лекарски рецепт за да добијат „Вијагра“, така што е прашање дали Дебоузи ќе може да го исполни ветувањето, пишува во соопштението.

На пописот од 2018-та година, просечниот број на деца родени по жена бил 2,06. Тоа е повеќе од повеќето развиени земји. Велика Британија има 1,89, САД има 1,87, а Германија 1,46. Сепак, вкупната стапка на наталитетот опаѓа четврта година по ред.