Охриѓанецот Чеди Осман заедно со Лука Дончиќ на Ол – стар мечот

117

Како и до сега, традицијата на Ол – стар викендот продолжува и оваа година. Па така, на 17 февруари ќе биде одигран и мечот помеѓу на ѕвездите во подем.

Годинава во дресот на екипата од светот на овој меч ќе биде и еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Лука Дончиќ, кој со своите одлични партии во дресот на Далас, уште отсега собори неколку рекорди. Покрај Словенецот, во овој тим ќе се најдат и Ануноби, Деандре Ејтон, Богдан Богдановиќ, Шеи Жилгос – Александер, Радионс Куруч, Лаури Марканен, Џош Окожи, Чеди Осман и Бен Симонс.

На спротивната страна, во тимот на млади кошаркари од САД се: Џетер Ален, Марвин Бегли, Лонзо Бол, Џон Колинс, Деарон Фокс, Џерен Џексон јуниор, Кајл Кузма, Донован Мичел, Џејсон Татум и Тре Јанг.