Охрид меѓу туристичките дестинации на кои туристите сакаат да се вратат

246

„Брајтсајд“ во својата анализа споменува и две необични дестинации што вреди да се посетат, од кои едната е Охрид.

Според светската туристичка организација на Обединетите нации, бројот на туристи изнесувал 1,4 милијарда минатата година. Луѓето се поотворени за патување, но многу често тие не се задоволни од патувањата.

Користејќи податоци од повеќе анализи, „Брајтсајд“ состави листа со места во кои луѓето сакаат да се вратат и места во кои луѓето не сакаат да се вратат.

Места во кои туристите секогаш сакаат да се вратат
1. Бангкок, Тајланд
2. Виена, Австрија
3. Сингапур
4. Фиренца, Италија
5. Њујорк, САД
6. Лисабон, Португалија
7. Лион, Франција

Места во кои туристите не сакаат да се вратат
1. Париз, Франција
2. Њу Делхи, Индија
3. Венеција, Италија
4. Бутан
5. Санторини, Грција
6. Дубровник, Хрватска
7. Барселона, Шпанија

Необични места што вреди да се посетат
„Брајтсајд“ во својата анализа споменува и две необични дестинации на кои туристите сакаат да се вратат, од кои едната е Охрид. Како предности на Охрид се споменуваат немањето метеж и ниските цени.