Охрид и Скопје со најмногу понуди за сместување туристи со ваучери

Најголемиот дел од пријавените хотелиери и други издавачи на легла се од Охрид, вкупно 178. Следен град со понуда за угостување на туристи со ваучери е Скопје, од каде што се пријавени 58 сместувачки капацитети. Туристичките центри следат зад главниот град и тоа Струга со 31, Дојран со 29, Крушево со 22, Ресен со девет, Маврово и Берово со по осум и Вевчани со четири понуди од објекти за сместување. Со повеќе понуди се и Битола – 26, Тетово – 10, Струмица – 6, а на платформата се пријавени и објекти од други градови од државата кои не се туристички центри, како  Велес, Гостивар, Пехчево, Делчево...

629

Сместувачки капацитети од сите видови и не само од туристичките центри туку од голем број градови во државата покажале интерес за ваучерски туризам.

До крајот на минатиот месец, кога истече рокот, според податоците од Министерството за економија на платформата domasiedoma.gov.mk  за примање гости кои плаќаат со ваучери за домашен туризам се пријавиле вкупно 443 сместувачки капацитети.

-Од проверените податоци утврдено е дека 45 отсто се хотелски капацитети, 45 отсто се физички лица и 10 проценти се други сместувачки капацитети, како автокампови, одморалишта, домови и слично, информираат за весникот ВЕЧЕР од Министерството за економија.

Најголемиот дел од пријавените хотелиери и други издавачи на легла се од Охрид, вкупно 178. Следен град со понуда за угостување на туристи со ваучери е Скопје, од каде се пријавени 58 сместувачки капацитети. Турстичките центри следат зад главниот град и тоа Струга со 31, Дојран со 29, Крушево со 22, Ресен со девет, Маврово и Берово со по осум и Вевчани со четири понуди од објекти за сместување. Со повеќе понуди се и Битола – 26, Тетово – 10, Струмица – 6, а на платформата се пријавени и објекти од други градови од државата кои не се туристички центри, како  Велес, Гостивар, Пехчево, Делчево…

Како што информираат од Министерството за економија каде точно ќе може да се трошат ваучерите за туризам ќе се знае најдоцна до понеделник, кога на платформата domasiedoma.gov.mk ќе се објават сите пријавени сместувачки објекти.

Како што е предвидено со уредбата, понуди за сместување туристи со ваучери можеа да дадат само регистрирани и категоризирани сместувачки капацитети, почнувајќи од  хотели, вили, пансиони, па  до феријални, планинарски, ловечки домови.

Министерството за економија веќе им додели ваучери на нешто над 117 илјади граѓани кои го исполнуваат условот месечната нето плата да им е помала од 15.000 денари и да немаат други приходи. Но, Владата неодамна позитивно реши над 25 илјади приговори од граѓани кои сметаат дека им следува ваучер, а не го добиле. Тие ваучерот ќе го добијат по електронска пошта, а на проверка во Управата за јавни приходи се испратени приговори од уште 13 илјади граѓани, кои наскоро треба да бидат решени.

Ваучерите за туризам се во вредност од 6.000 денари. Првите гости кои плаќаат со нив угостителско-сместувачките капацитети ќе почнат да ги примаат за неполни две недели, од 15 овој месец. Ваучерите треба да се искористат најдоцна до 15 декември годинава. Вучерот гласи на име и може да го користи само лицето кое го добило. Дополнително, сите кои добиле ваучер добиваат и платежна картичка за купување домашни производи и услуги со вредност од 3.000 денари, со која исто така може да се платат хотелски и угостителски услуги.

Исто како и за ваучерите, граѓани упатија поплаки и за тоа што не добиле картички. До Владата стигнале вкупно 50.000, а од нив 30.000 биле конкретно од лица кои испратиле матичен број за да се провери зошто не добиле картичка. Според информациите од Владата, проверките привршуваат, а картичките за оние на кои им се прифатени приговорите ќе се печатат од наредната недела. Овие картички се веќе во употреба и може да се користат до 15 август.

(С.В.)