Охридско лето: Концерт на пијанистите Коќубан и Максимов

52

На 11 август, со почеток од 21 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“ концерт ќе одржат пијанистите Јулија Коќубан од Полска и Илја Максимов од Русија. На програмата ќе бидат изведени В. А. Моцарт, К. Дебиси и С. Рахмањинов.

„Јулија Коќубан е една од водечките пијанистки на нејзината генерација. Нејзиниот деби-албум ‘Шуман, Шопен, Бацевич’ е оценет од музичката критика како еден од најинтересните полски деби албуми во последните години, а последното ЦД со клавирските концерти на Тансман и Бацевич е номинирано за највисоката наградата во полската музичка индустрија – ‘Фредерик’. Илја Максимов, пак, е победник на интернационалниот натпревар ‘Ж. Б. Виоти’ во Италија, а неговиот широк репертоар ги покрива делата од раната класика па сè до модерните композитори, а делата на руските композитори секогаш имале посебно место во неговата концертна кариера. Настапувал во некои од најпознатите концертни сали и на фестивали во Европа, Азија и Америка. Тој предава пијано на Академијата ‘Моцартеум’ во Салцбург“, ќе посочат од „Охридско лето“.