„Охридски комуналец“ го светна плочникот на чаршијата

133

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ спроведоа акција за чистење на старата градска чаршија.

Работници на претпријатието рачно ги чистеа гранитните плочи, од наталожени остатоци од храна, најмногу од фрлени гуми за џвакање. Паралелно плочникот го миеја со цистерна.

Исчистен е потегот од Градскиот плоштад „Климент Охридски“ до плоштадот кај Стариот чинар.

Станува збор за активност што „Охридски комуналец“ ја спроведува после секое завршување на главната летна туристичка сезона.