Охрабри се и не троши го времето чекајќи некого….

147

Во описот под оваа своја летна фотографија на која ја покажа сета својата убавина и својот сексапил, популарната Сузана Турунџиева(која е и успешен ПР на ЕУРМ), праќа моќни пораки: – Немој да го трошиш твоето време чекајќи некого…да се промени, да те забележи, да те разбере, да ти се јави.
Охрабри се себеси со фактот дека не си сам(а) и дека постојат и други луѓе, токму такви како тебе, кои се полни со разбирање, искрени се и речиси никогаш никому не му го прават она што не би сакале да им го направат ним…..Ако на автомобилот му ставиш погрешно гориво тоа ќе престане да работи… Ќе се расипе… Баш како и луѓето…
Сличното го покренува сличното, а спротивностите се одбиваат… И тоа не е филозофија, туку е физика, искрено меѓу другото вели секогаш отворената Сузана, една од нашите најзгодни баби на естрадата.