Официјална Тирана ја осуди анексијата на украинските територии од страна на Русија

62
Официјална Тирана ја осуди анексијата на четирите украински региони и е против нивно припојување кон Русија
Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка преку објава на Твитер порача дека Албанија ги осудува лажните референдуми организирани од Русија во Украина и дека официјална Тирана нема да ги признае нивните однапред одредени резултати.
– Секоја анексија на територијата на една од страна на друга држава, како резултат на закани или употреба на сила, е кршење на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, наведува Џачка.
Деновиве премиерот Еди Рама изјави дека „Албанија стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија во некои нејзини области”.