Официјална понуда за Чаланоглу

58

Новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М) испрати официјална понуда до турскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Хакан Чаланоглу. Популарните „јорганџии“ му понудија годишна плата од 3 мил. евра, но му понудија и бонус од 3 мил. евра кој ќе го добие откако ќе го потпише договорот. За разлика од Атлетико (М), челниците на Милан на одличниот играч за врска му понудија годишна плата од 3.5 мил. евра.