Официјална понуда за Тијаго

92

Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, доби сериозна конкуренција во францускиот гигант ПСЖ, кога е во прашање потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на бундеслигашот Баерн (М), Тијаго Алкантара. Офанзивниот играч за врска ги информира клупските челници дека сака да ја промени средината за време на летниот преоден рок, а според последните информации кои пристигнуваат од „Паркот на принцовите“, популарните „светци“ ќе понудат околу 30 мил. евра за неговото обештетување.