Официјалната веб-страница на Ватикан прекината по хакерски напад

18
Официјалната веб-страница на Ватикан беше прекината по очигледниот хакерски напад во средата, соопштија денес седиштето на Римокатоличката црква.

„Во тек е истрага поради големиот број обиди да се пристапи до сајтот“, рече портпаролот на Ватикан Матео Бруни, не додавјаќи повеќе информации.

Ројтерс наведува дека хакерскиот напад се случил еден ден откако Москва го критикуваше папата Франциск, кој претходно го осуди рускиот напад на Украина.

Во интервју за списанието „Езуит“ папата ги издвои трупите од Чеченија и други етнички малцинства од Русија, укажувајќи на нивната посебна „бруталност“ во текот на војната.