ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ станува современо и модерно училиште

240

Премиерот Оливер Спасовски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска извршија увид во работите на училиштето „Браќа Рамиз-Хамид“ во Општина Шуто Оризари.

Спасовски по обиколката на училиштето рече дека во континуитет на 2018, 2019 и 2020 година се направени сериозни реконструкции и промени, за да се создадат еднакви услови за работа во училиштето, како за учениците така и за наставниот кадар и за сите останати вработени се со цел да имаме подобрено одвивање на наставата.

Тој информира дека Општина Шуто Оризари доби поддршка и во планот за чист воздух за 2019 година, за промена на сите врати и прозорци во зградата на Општината со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот, со што се овозможи и заштеда на топлинската енерегија како и заштеда на општинските буџетски средтства.

– Дополнително во планот за чист воздух за Шуто Оризари се обезбедени 500.000 денари за хортикултурно уредување и реконструкција и на дворната површина на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“. Континуитетот продолжува и оваа година, во тек на наредните месеци ќе започне и изградба на нова фискултурна сала, хортикултурно уредување и на останатите паркови и површини, ќе се замени стариот училишен инвентар со нов и ќе се опремат училници и кабинети со современа технологија и смарт табли – рече Спасовски.

Истакна дека грижата за најмалите останува во врвот на приоритетите и на Општината и на Владата и доаде дека 450 деца Роми чии семејства се во социјален ризик се ослободени од плаќање партиципација за посетување на градинка во рамки на блок дотациите што локалната самолуправа ги добива од МТСП. Посочи и дека дополнителни шест милиони денари од буџетот на МТСП се наменети за внатрешно опремување на нова детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.

– Владата во изминатите три години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, покажавме дека македонското општество и нашите граѓани можат да бидат солидарни и грижливи, дека може да се помогне на секоја индивидуа и на секоја заедница на која и тоа и е потребно. Направивме пресврт и разлика од општество во кое 11 години се газеше врз достоинството на луѓето и станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите држава која што се стреми за сите да имаат и уживаат еднакви права – додаде Спасовски.

Заменик-министерот за животна средина Макрадули дополни дека хортикулурното уредување во училиштето е по системот капка по капка и она што е важно, посочи, дека садењето е со плородорни дрвја бадеми и лешници за да можат и децата да учат.

Истакна и дека оваа година хортикултурно од планот за чист воздух ќе се интервенира во Здравствениот дом во Шуто Оризари и тоа во вредност од 230.000 денари.

– Заложбата во пост ковид периодот во секоја европска земја е да нема државна зграда или јавна установа што не е енергетски ефикасна и што загадува, а истата заложба и ние ја имаме. Во општината е интервенирано со милион денари во енергетска ефикасност со што 30 проценти помалку ќе бидат трошоците за општината и така ќе одиме во сите државни и јавни установи во следниот период, бидејќи тоа е најдобриот начин да се справиме со аерозагадувањето – рече тој.

Додаде дека во рамки на борбата со аерозагадувањето планирано е поставување на мерна станица која квалитативно ќе ги прави споредбите, истакнувајќи дека во просек на оваа Влада и на минатата 60 проценти е намалено загадувањето по број на денови, по максимална концентрација и по минимална концентрација.