Отстранети 10 непрописно паркирани возила од јавните површини

96

Во текот на изминатата недела, од 27.3 до 2.4.2020 година, со специјалните возила „пајак“ се подигнати 10 возила од јавните површини.

Како што информираат од Град Скопје, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, само три се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите седум возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 90 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 10 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.