Отстранети сите дефекти, надеж за тетовци дека ќе се нормализира водоснабдувањето

26

Тетовци вечерва може да очекуваат комплетно нормализирање на водоснабдувањето откако доцна попладнево се заврши отстранувањето на дефектот во паркот кај Пашината џамија. По девет часа работа во 17 часот е завршена промената на пукната ф300 водоводна цевка.

– Извршена е промена на пукнатата салонитна цевка со соодветна пластична. По поставувањето на нова цевка пуштена е во употреба целата цевководна линија која е важна за водоснабдување на 15 отсто од градот како населбите Блок 70 и дел од Пржова Бавча како и објектите на улиците „Браќа Миладинови“и „Ѓорче Петров, кои досега немаа вода. Во зависност од исполнување на системот и цевководите со вода и ќе се нормализира водоснабдувањето и во населбите каде најдолго имаше прекин во добивањето на водата за пиење, информира Љуљзим Шаќири од Водовод и канализација.

Тетово три дена се соочуваше со прекини во водоснабдуавњето откако два дефекти се појавија на Ф300 водоводни цевки кои се втора категорија по големина и значајни за проток на големи количини вода. Во средата и четвртокот околу 90 проценти од градот имаше прекин во водоснабдувањето.

Извор:МИА