Отстранети одроните од патот кон кавадаречко Шешково

80

Отстранети се одроните од патот кон кавадаречкото село Шешково, кои го блокираа патот од четвртокот.

– Согласно на договорот за одржување на локалните патишта, со соодветна механизација излеговме на терен и го расчистивме патот. Тоа е наша обврска и ние настојуваме да интервенираме секаде каде што треба, во најскоро време, рекоа од Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Малкуте жители во селото, но и оние кои како туристи и љубители на природата се движат во тој дел, изразија задоволство што повторно е прооден патот кој меѓу другото, води и кон селата Праведник и Добротино, блиското ловиште и врвот „Орле”, кој е доста посетуван од планинарите од истоименото планинарско друштво, но и од други планинарски клубови.