Отстранета дивата тераса пред Мавровка

833

Инспекторатот на Општина Чаир ја отстрани незаконски поставената тераса на локалот “АМ Фонтана“

Екипите на Одделението за инспекциски надзор на Општина Чаир согласно законските прописи за дејствување против незаконски поставени објекти на јавните површини реализираа акција за отстранување на терасата на локалот “АМ Фонтана“.

На оваа локација Општина Чаир ќе изгради зелена зона во служба на посетителите на споменикот на Хасан Приштина.