Таткото убиец на трите деца, во грозморниот чин кој вчера ја потресе Хрватска е 56-годишниот Харалд Копиц, Австриец со постојан престој во Загреб. Во стан во елитната населба Млинови во Загреб, тој вчера ги задавил своите три деца, четиригодишно момче и близнаци (момче и девојче) на возраст од седум години.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, 56-годишниот Харлад Копиц потоа се обидел да се самоубие со отров во таблети, но спасен е во болницата и сега е во стабилна состојба.

Хрватските медиуми, откриваат кој биол Копиц, Зад скапите облеки на угледен човекл од деловниот свет кој зад насмевката и скапата облека криел лице на монструмот.

Станува збор за австриски државјанин, угледен финансиски консултант кој живеел и работел во Загреб. Со сопругата биле разведени, па децата викендов биле кај него на гости.

Во својот последен статус на „Фејсбук“ напишал: „Збогум на сите“, а како мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.